– Најмалку две лица загинаа во поплавите како последица на силното невреме што синоќа ги зафати истанбулските населби Арнавутќој, Башакшехир и Ќучукчекмеџе.
Голем број пожарникари беа упатени во подрачјата зафатени од невремето по дојавите за поплави во многу домови и деловни објекти.
Голем број возила останаа заробени на патиштата.
На подрачјето на Башакшехир пронајдено е телото на 57-годишна жена. Животот го загуби и еден странски државјанин.