Америка испраќа муниција со осиромашен ураниум во Украина – застрашувачката вест ја потврдија од Пентагон

– Вашингтон ќе ја снабдува Украина со муниција со осиромашен ураниум, соопшти денеска Пентагон, пренесоа светските агенции.

Тие се ефикасни против тенкови и оклопни воени возила.

„Муницијата со осиромашен ураниум од 120 милиметри е наменета за борбените тенкови Абрамс ветени на Киев како дел од новата транша од американската воена помош вредна 175 милиони долари“, се вели во соопштението на Пентагон.