Сите ги слават нејзините голови! Дава гол, па почнува да се соблекува! Дури и судијата не може ништо, а мажите едвај чекаат да ја видат! (фото/видео)

0

Женскиот фудбал привлекува сè поголемо внимание, а доказ за тоа е и тоа што неодамна во Австралија финалето на Светското првенство го следеа 76.000 гледачи.

Исто како и машкиот, така и женскиот има свои заштитни лица, фудбалерки кои се многу популарни. Секако првата асоцијација се Бразилката Марта, Американката Алекс Морган или Австралијката Саманта Кер, а од неодамна сè поголема популарност добива и Англичанката Клои Кели.

Таа се прослави со својот гол во финалето на Европското првенство кога Англија на „Вембли“ пред 88.000 гледачи ја совлада Германија со 2:1.

Инаку, ова е рекорден број на гледачи на ЕП и за мажи и за жени.

Но, оваа девојка, родена 1998 година во Лондон, привлекува внимание и по својот специфичн начин на прослава по постигнувањето голови. Имено, таа секогаш по постигнување гол го соблекува дресот.

Поради ова, мажите ширум светот едвај чекаат да игра и да даде гол, а ни судиите не и’ можат ништо бидејќи честите картони кои ги добива за славење не ја натерале да се смени.

Во светот на фудбалот таа е добро позната по одличниот дриблинг.

Нејзината популарност расте и на социјалните мрежи, па на Инстаграм има речиси 750.000 следбеници.