Хорор во болница во Демир Хисар! Дете со аутизам било тепано и врзувано со синџири

Мајка на 17 годишно момче со аутизам, обвинува дека нејзиниот син бил врзуван за време на едномесечниот престој во психијатриската болница „Демир Хисар“, пишува Канал 5. 

17 годишно момче со аутизам било врзувано и тепано во психијатриската болница Демир Хисар оти било агресивно. Неговата мајка низ солзи раскажува дека детето таму го однеле пред еден месец, а вчера си го земале дома во многу лоша состојба и со рани по целото тело. Дури не можело да стои на нозе, пишува Сител тв.

Според познавачите, болницата во Демир Хисар не е наменета за лица со аутизам. Психилог Николовска која и самата е мајка на аутистично дете вели дека проблемите со кои се соочуваат овие лица се многубројни, но осноното е немање дневни центри со стручни лица.

Од психијатриската болница велат: Лекувањето е согласно медицина базирана  на докази и во текот на третманот се бележеа одредени ситуации за кои е неопходно физичко ограничување. Истите се изведуваа согласно протоколите, пренесува Сител.

На ист став е и министерот за здравство Меџити.

Народниот правобранител летово рече дека состојбата на установата во Демир Хисар е катастрофална, оти нема хигиена, туку има насилство и повредување и тоа со опрема за врзување и тортура на пациентите.