Египет: Триесет и осум повредени во пожар во полициски објект во Исмаилија

– Најмалку 38 лица се повредени ова утро како последица на огромниот пожар што избувнал во полициски објект во североисточниот град Исмаилија во Египет, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Во соопштението на Министерството се вели дека неговите „амбулантни возила им дале итни услуги на 12 повредени лица и го напуштиле местото на несреќата, додека 26 лица биле пренесени во Медицинскиот комплекс Исмаилија“.

Седум лица се отпуштени по укажаната лекарска помош.

Силите за цивилна одбрана интервенирале и го изгаснале пожарот, објави официјалната агенција за Блискиот Исток.

За Каиро њуз канал медицински извор изјави дека во инцидентот се повредени 25 лица.