ТРАМП РАСПАЛИ ПО БАЈДЕН: Америка оди по ѓаволите! „Го гледав, не можеше да состави две реченици“

Поранешниот американски претседател смета дека изборите во 2024 година се клучни за земјата.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Америка брзо пропаѓа и дека неговиот реизбор ќе и даде на земјата последна шанса да ги промени работите.

 Нашата земја оди во пеколот. Нашата земја оди надолу – вели тој во интервју за сателитската радио станица „СириусХМ“.

Америка има последна шанса, што ги прави претседателските избори во 2024 година „најважните избори што некогаш сме ги имале “, тврди Трамп. 

Поранешниот американски лидер призна дека го кажал истото за претседателската трка во 2016 година, но инсистираше на тоа дека гласањето следната година ќе биде уште поважно.

– На нашата земја и оди лошо, се уништува (под администрацијата на Бајден). Ние сме нација во сериозен пад и мислам дека можам многу брзо да ја свртам – рече Трамп.

На прашањето што мисли за обвиненијата покренати против него и колку е загрижен дека може да заврши зад решетки, Трамп вели дека има „одличен став“ за тоа. 

– Тоа воопшто не ме засега, бидејќи се борам за земјата, за народот – изјави водечкиот републикански кандидат.

77-годишникот рече дека добрите резултати од анкетата го уверуваат дека „ќе победи на изборите што и да се случи“, бидејќи луѓето знаат дека наводите се лажни.Не е прашање на возраст, туку на компетентност

Истражувањето, објавено во средата од Универзитетот Квинипијак, покажува дека 62 отсто од републиканските гласачи сакаат Трамп да биде кандидат на нивната партија во 2024 година. Анкетата, исто така, покажа дека Трамп моментално е зад актуелниот претседател Џозеф Бајден за само еден процентен поен.

Трамп го повтори своето претходно тврдење дека не верува дека Бајден (80) ќе се кандидира повторно во 2024 година поради неговата очигледна лоша здравствена состојба.

– Вчера го гледав, не можеше да состави две реченици, не може да зборува. Не се работи за возраста, туку за компетентност – рече Трамп за Бајден.

Во август, анкетата на „Волстрит журнал“ покажа дека 73 отсто од американските гласачи веруваат дека Бајден е премногу стар за да се кандидира за втор мандат, додека само 36 отсто го опишаа како ментално способен да ги исполни своите должности.

Сепак, годините на Трамп им претставуваат проблем и на многу Американци, бидејќи тој е само три години помлад од Бајден. Истражувањето спроведено од NBC во јуни покажа дека 55 отсто од испитаниците биле загрижени за физичкото и менталното здравје на Трамп.