ДОДИК жестоко и одговори на Германија! Министерката шири дезинформации, сакам да му презентирам на Блинкен дека …

Јасна порака од претседателот на Република Српска.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека тој не е закана за европската безбедност и дека германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го дезинформирала американскиот државен секретар Ентони Блинкен. 

Додик на платформата X(Твитер) изјави дека му е жал што Бербокова погрешно го информирала Блинкен, појаснувајќи дека Германија не ги стопирала средствата нему, туку на Република Српска.

– Побаравме да се повлечат што е можно поскоро за да дојдат нови инвеститори – напиша Додик.

 Додик изјави и дека се придржува до Дејтонскиот договор и го брани тој документ. 

Што тоа треба да правам, а не правам, што е во Дејтонскиот договор? Јас не сум закана за европската безбедност. Го спроведувам и бранам мировниот договор што го напишавте во 1995 година и со него ја прекинавте војната – заклучи Додик. 

Тој изјави дека би сакал некој да изнесе една реченица, дејствие или одлука со која отишол подалеку од тој нивен документ за Босна и Херцеговина.

Вака Додик реагираше на изјавата на Блинкен на денешната прес-конференција во Вашингтон со Бербоков. 

Блинкен изјави дека разговарал со министерот за надворешни работи на Германија како ЕУ може да продолжи да врши притисок врз учесниците кои „ја доведуваат БиХ на голем ризик, особено претседателот на Република Српска Милорад Додик, со користење на сите потребни алатки и зајакнување на способностите на мисијата за стабилизација“.

– Високо го цениме германското раководство кога станува збор за ограничување на одредени финансиски текови на претседателот на Република Српска (Милорад) Додик, повторно приклучување и зајакнување на програмата „Алтеа“ на Еуфор – рече Блинкен на прес-конференција во Вашингтон