„Сите користат марихуана, таа стана како вино“ Дурант го запрепасти светот со својата изјава

Познатиот НБА кошаркар Кевин Дурент во текот на кариерата неколку пати зборувал за марихуаната, а никогаш не криел дека сака да ја консумира.

Дурент е инвеститор во компанија за канабис, а благодарение на него е сменет еден детаљ од договорот меѓу играчите и лигата.

Имено, отсега марихуаната нема да биде на листата на забранети производи.

„Му се јавив на комесарот на лигата, Адам Силвер, и му реков да ја тргне марихуаната од списокот на забранети супстанци. Забележав дека веќе нема толку негативна стигма околу неа и тој се согласи со мене кога разговаравме“, рече Дурант а потоа додаде:

„И Силвет разбра во кој правец оди. Сите користат марихуана, таа стана како вино“, заклучи познатиот кошаркар.