Ова на сите ни го даваат во кафич а не знаеме дека е извор на бактерии: Многу луѓе не можат да замислат пијалок без него, а не се свесни што си прават себе си (фото)

Доколку сте љубител на газирани пијалоци, обожавате да ги пиете во кафуле со парче лимон или портокал, а сето тоа со мраз кој е пријатен во топлите денови но, обрнете внимание! Летото ни тропа на врата, а вистинското освежување во кафулињата и рестораните имаат еден недостаток. Следниот пат кога ќе нарачате пијалок со мраз, размислете дали тоа е добра идеја.

Спроведеното истражување за квалитетот на мразот покажало дека дури 77,2 отсто од примероците биле позитивни на присуство на колиформни бактерии, чие потекло е фекално. Станува збор за микроскопски мали честички кои влегле во мразот поради валканите раце. Затоа, најголемата заблуда кај луѓето е дека бактериите не можат да се задржат на мраз.

Мразот во кафулињата и рестораните за брза храна е најголемиот узвор на бактерии и во просек ги има повеќе отколку во тоалетната школка, што е последица на реткото чистење на машината за мраз. Секако, ниту еден од примероците не претставува закана за здравјето. Друго истражување покажа дека најмногу бактерии се кријат во чаша вода или пенлив сок со парче лимон. Истражувачите тестирале 76 парчиња лимон од 21 ресторан и откриле дека 70 отсто, или 53 парчиња, биле контаминирани со бактерии.

Иако ова не е најсеопфатното истражување на оваа тема, можете исто така да забележите дека парчето лимон што го добивате во чашата е веќе претходно исечено и дека овие парчиња се чуваат во пластични садови на собна температура, што е исто така идеална средина за бактерии. Истражувањето не го откри јасно изворот на овие бактерии, но откри дека овие бактерии не можат да преживеат и да се размножуваат во алкохолните пијалоци.