Српски медиуми: Возачи на камиони од Јариње и мештани го блокираа патот Косовска Митровица – Рашка

– Возачите на камиони со српски регистарски таблички, кои веќе неколку дена стојат на  преминот Јариње поради одлуката на Приштина да го блокира влезот на стоки од Србија во Косово, одлучија вечерва да го блокираат патот Косовска Митровица – Рашка, јавија белградските медиуми.

Во местото Рударе кај Куршумлија, возачи на камиони и локални жители го блокираа главниот пат што води од Прокупље до  преминот Мердаре.

Патот е блокиран за камиони со косовски таблички како одговор на мерката на владата во Приштина која неколку дена го суспендираше влезот на српски стоки и камиони со регистерски таблички на Република Србија во Косово.