„СМРТ ВО РАЈОТ“ – Отишла на одмор во популарно летувалиште, била убиена од нарко банда, па дури тогаш се дознало која навистина е…

Хонарбакш живеела на релација Јужна Калифорнија-Канкун и редовно се фалела со нејзините посети на луксузни дестинации на Инстаграм.

Сопругата на поранешниот специјален агент на Управата за борба против дрогата (ДЕА) беше застрелана и убиена кога во неделата се нашла во вкрстен оган на нарко-картелите во луксузно мексиканско одморалиште.

Нико Хонарбахш (44) немал никаква врска со картелскиот конфликт, во кој бил убиен и познатиот локален наркодилер Шон Билари (22), кој бил од Белизе, но било потврдено дека несреќната Нико е сопруга на Карл Перман, кој порано работел за ДЕА.

ABC News објави дека Хонарбакш живеела во Канкун, Мексико, а полицијата ги негирала извештаите на локалните медиуми дека убиениот можеби бил пар, велејќи дека фотографијата на мажот од Белизе го покажува со сосема друга жена.

Обвинителите соопштија дека загинатиот маж имал кокаин и апчиња со себе кога бил убиен во клубот Миа Бич, кој е дел од хотелот Селина, пишува Дејли Меил.

Ел Универзал објави дека Билари бил бркан од неговите убијци и побарал засолниште во ресторан, каде што биле испукани фаталните истрели. Весникот наведува дека две лица се во притвор во врска со пукањето.

Според објавите на нејзината страница на Инстаграм, Хонарбакш живеела помеѓу Јужна Калифорнија и Канкун. Таа редовно објавувала фотографии од луксузни клубови и ресторани, а на сликите беа нејзиниот сопруг и нејзините две кучиња.

Инаку, парот се венчал во 2013 година, а таа и нејзиниот сопруг имале куќа во Беверли Хилс.

Еден сведок напишал на TripAdvisor дека бил во ресторанот кога Билари втрчал, а потоа следел друг маж околу 18:40 часот во неделата.

  • Таму беше една туристка со нејзините две кучиња, на само неколку метри од нас, ја погоди еден од заскитаните куршуми и ја уби“, напишал мажот.

Тој додаде дека Билари прво бил застрелан во грб, а потоа напаѓачот испукал уште неколку куршуми кон него.

  • Обезбедувањето во Мија немало поим што се случува, ниту ги проверило двете лица кои биле застрелани. Ова го направија други гости на плажата. Никој од обезбедувањето не повика полиција или засилување – напиша сведок на Trip Advisor.