Сообраќајна несреќа во Чаир: Автомобил се преврте на улица Цветан Димов

Вечерва во скопски Чаир се случила тешка сообраќајна несреќа во која се превртел еден автомобил на улицата „Цветан Димов“. Според неофицијални информации, до несреќата дошло откако возилото удрило во бетонскиот ѕид кој ги двои коловозните ленти на улицата.

Вечерва во скопската општина Чаир се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно возило е со сериозни оштетувања.

Според снимките на „360 степени“ од терен, може да се види дека едно возило се превртело на самата улица „Цветан Димов“ во близина на Јахја-пашината џамија. Од превртенот возило се оштетени неколку паркирани автомобили непосредно до него.

Сообраќајот е во прекин, а на местото на настанот е пристигната и екипа на Брзата помош, како и полициски службеници.

Дополнително, околу превртеното возило е насобрана поголема група граѓани.

Според неофицијални информации, до несреќата дошло откако возило удрило во бетонскиот ѕид кој ги одвојува лентите на улицата, по што удрило во паркираните автомобили и се превртило. Засега нема информации од Министерството за внатрешни работи за тоа како точно се случила несреќата и дали има повредени лица.