“ИСТАНБУЛ ОСТАНУВА ДОМАЌИН!“ – Финалето од Лигата на шампиони нема да ‘мрдне’ од Турција: “Натпреварот ќе се игра според планираното!“

Во петокот, УЕФА ги отфрли информациите на некои медиуми дека финалето на Лигата на шампионите може да се пресели од Истанбул во Лисабон.

Откако британскиот весник Daily Mail неодамна објави дека Лисабон би можел да биде алтернативен домаќин на финалето на фудбалската Лига на шампиони доколку има немири во Истанбул за време на претседателските избори во Турција, УЕФА објави дека тоа не е точно.

Натпреварот според планираното ќе се игра во Истанбул на 10. јуни“, велат од УЕФА и додаваат: „УЕФА не води никакви дискусии во која било друга смисла со политички институции, влади или национални фудбалски асоцијации“.

Постои загриженост дека може да дојде до немири доколку Реџеп Таип Ердоган, кој е на власт две децении, загуби на претседателските избори.

Daily Mail пишува дека УЕФА тешко може да го одложи финалето откако го пресели од Истанбул во 2020 и 2021 година поради пандемијата со вирусот Ковид-19.

Главниот град на Португалија беше клучен дел од планот Б за време на пандемијата со вирусот и таму со празни трибини се одржуваше завршниот турнир во Лигата на шампионите од четвртфиналето до финалето.

Лигата на шампионите моментално е во полуфинална фаза. Во првите полуфинални натпревари Интер го совлада градскиот ривал Милан со 2:0, додека Реал Мадрид и Манчестер Сити одиграа 1:1. Реваншите се на 16. и 17. мај.