‘ТОТАЛЕН КОЛАПС!’ – Армијата на Русија официјално потврди: “Се повлекуваме!“, ‘готвачот на Владимир Путин’ тврди: “Ова е бегство!“

Откако во петокот објавија дека украинските сили извршиле 26 напади во правец на градот Соледар и дека во нападот учествувале повеќе од 1.000 војници и до 40 тенкови долж целата линија на фронтот во должина од над 95 километри и дека сите напади биле одбиени, Министерството за одбрана на Русија признаа дека нивните сили се повлекле од областа северно од Бахмут. Руските воени сили се повлекле во една област од, како што се наведува, „тактички причини“.

Според соопштението на Министерството за одбрана на Русија, станува збор за повлекување на „поповолни позиции“ во близина на акумулацијата Берхивка северозападно од Бахмут.

Со цел да се зголеми стабилноста на одбраната, единиците на Јужната група руски војници ја окупираа линијата во правец на Малоиљиновка“, се наведува во дневниот извештај на Министерството за одбрана на Русија. Овој потег, како што се вели, ќе им овозможи на руските воени сили да ги искористат „поволните услови на акумулацијата Берхивка“, како што се наведува, но всушност го потврдува губењето на неколку километри територија од страна на руските сили, како што пишува CNN, а претходно истото го тврдеше и првиот човек на платеничката приватна група, Евгениј Пригожин.

Министерството за одбрана на Русија тврди и дека наводно немало прекршување на нивните линии.

Евгениј Пригожин, исто така реагираше на соопштението на Министерството за одбрана на Русија во кое тие изјавија дека нивните сили се повлекле од област во близина на Бахмут на „поповолна позиција“. Евгениј Пригожин коментира дека „тоа се вика бегство, а не прегрупирање“, ветувајќи повеќе детали подоцна.