СПЕКТАКЛ НА НЕБОТО: Доаѓа „розовата месечина“ – првата полна месечина оваа пролет

Априлската полна месечина, позната и како „Розова месечина“, најсилно ќе блесне овој четврток, па така на 6 април околу 6:35 часот, пренесува НАСА.

Овогодинешната „Розова месечина“ е и првата пролетна полна месечина.

И покрај името, месечината нема да изгледа розово. Името „розова месечина“ доаѓа од раното пролетно цветање на дивите цвеќиња познати како розова мов, според „The Old Farmer’s Almanac“, алманах кој содржи временски прогнози и астрономски податоци, пренесува CBS.

Месецот април е познат и како „Месец на ртење на тревата“, „Месец на јајцата“ и „Месец на рибите“. Годинава на „Розевата месечина“ ѝ претходеше „Месечина слична на црви“, додека следниот месец љубителите на астрономијата можат да ја очекуваат таканаречената „Цветна месечина“.

Љубителите на астрономијата можат да очекуваат уште некои феномени оваа недела. Всушност, вечерва ќе бидат видливи и три планети, објави НАСА. Венера ќе биде најсветла, а Меркур и Марс ќе бидат видливи.