Таа беше студентка а тој најпосакуваниот маж на Југот: Ружица Ѓинѓиќ беше ѕвезда во спотот на Здравко Чолиќ, а тој ги споил со… (ФОТО/ВИДЕО)
Ружица Ѓинѓиќ, сопругата на покојниот премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ, важеше за една од најубавите жени на овие простори во 80-тите години на минатиот век.
Затоа и не е чудно што се појави во спотот на една од најголемите ѕвезди во регионот, Здравко Чолиќ, во песната “Мало појачај радио”.
Познатото видео во кое Ружица тогаш е дваесетгодишната убава студентка од Нови Сад, која подоцна стана сопруга на премиерот Ѓинѓиќ, го режираше Борис Миљковиќ. Тој дури неодамна откри која е всушност мистериозната девојка од видеото.
– Бевме дел од генерација со исти афинитети, иако Зоран беше неколку години постар од нас. Зоран беше политичар кој имаше репче, а Ружица убавица која ни личеше на Ким Вајлд – рече Миљковиќ и додаде:
– Беше наша пријателка, убава девојка и ја прашавме дали ќе се појави во спотот.
Точно, Ружица и понатаму е убава жена, која во бракот со Зоран имаше две деца – ќерката Јована и синот Лука. Но, не можеме а да не помислиме колку жени ѝ љубоморат на оваа мистериозна девојка.
Со оглед на тоа дека Ружица се гледа само одзади, не е чудно што многумина не знаеле дека таа е сопруга на покојниот српски премиер.