Телата на децата лежат на тревата, луѓето врескаат! Објавена е снимка од паѓање на ракета на фудбалски терен во Израел

Објавена е снимка од ракета која паѓа на фудбалски терен во Израел.

На социјалните мрежи е објавено видео од моментот кога ракета паѓа на фудбалско игралиште во село на Голанската висорамнина во Израел. Според последните информации, загинале девет лица. Меѓу нив се и деца.

Според телевизијата Канал 13, ракетата е од Либан. Тоа е најсмртоносниот напад на Хезболах во услови на тековни судири на северната граница. По нападот на социјалните мрежи се појавија страшни видеа. Го прикажуваат моментот кога ракетата паднала на теренот. Според информациите, повредени се 30 лица.

Претходно беше соопштено дека во нападот се тешко ранети девет лица, а станува збор за деца и млади на возраст од десет до 20 години. Припадник на израелската служба за итни случаи опиша големо уништување и пожар на местото на настанот, фудбалско игралиште во селото Мајдал Шамс. Израелската армија соопшти дека помага за евакуација на повредените.

Се истражува зошто противвоздушниот систем не успеал да ја пресретне ракетата.