ТЕМНАТА СТРАНА НА ГОЛЕМАТА ФУДБАЛСКА ЅВЕЗДА ПОВЕЌЕ НЕ Е ТАЈНА – Болна исповед на легендата: “Човек може да падне навистина ниско…“

Не е тајна дека Вејн Руни во животот имал доста проблеми со алкохолот. Поранешниот капитен на Англија беше гостин во подкастот на поранешната рагби ѕвезда Роб Бароу и отворено зборуваше за својата темна страна од раните денови на неговата фудбалска кариера.

Алкохолот беше моето ослободување кога бев во раните дваесетти години од животот. Пиел додека не се онесвестам. Не сакав да бидам покрај луѓе, затоа што понекогаш чуствував срам. Се чуствував како да ги изневерувам луѓето и на крајот не знаев како поинаку да се справам со тоа“, рекол Вејн Руни кој дебитираше за Евертон на 16 години.

слика
Вејн и Колин Руни во 2005 година

Познатиот напаѓач притисокот на славата го лечеше со големи количини на алкохолни пијалоци. Вејн Руни имал проблеми и со сопругата која наводно ја изневерувал со проститутка, но и проблеми со полицијата поради возење под дејство.

Последниот инцидент регистриран на крајот на 2018 година, кога беше уапсен на аеродромот „Далес“ во Вашингтон поради јавно пијанство и пцуење на јавно место. На крајот, без да оди на суд, тој беше ослободен со парична казна од 25 долари плус 91 долар за трошоци.

Кога не ја прифаќаш помошта и водството на другите, човек може да падне навистина ниско, а јас бев таков неколку години. За среќа, сега не се плашам да одам и да разговарам со луѓето за проблемите“, порачал Вејн Руни, актуелниот менаџер на англискиот второлигаш Бирмингем Сити.