ТИНЕЈЏЕРИТЕ СЕ НАЈМНОГУ ЗАВИСНИ – Откриено е дека електронските цигари без никотин всушност ја содржат оваа супстанција која создава зависност

0

Истрагата на весникот The Guardian откри дека електронските цигари, т.н вејп, кои се продаваат и во Македонија како „без никотин“ ја содржат оваа супстанца која создава голема зависност.

Тестирани се седум производи од интернет маркетот, за било наведено дека не содржат никотин, но кај шест производи била откриена оваа супстанца, пишува весникот.

Нелегално е во Велика Британија да се продаваат електронски цигари кои содржат никотин како производи „без никотин“.

Во јули и август, потрошувачите ја изразија својата загриженост преку службата за корисници на Amazon дека електронските цигари рекламирани како без никотин на таа платформа всушност ја содржат таа супстанца, но тие добиле одговор од Amazon директно да контактираат со продавачите.

Дополнително, кај некои електронски цигари било откриено дека има резервоар за е-течност над дозволената граница од 2 ml.

Претходно овој месец, француските власти објавија дека електронските цигари за еднократна употреба ќе бидат забранети во Франција како дел од националниот план против пушењето.

Француската премиерка Елизабет Борн изјави за RTL дека нејзината Влада наскоро ќе претстави нов национален план за борба против пушењето, особено за забрана на електронските цигари за еднократна употреба, кои се популарни меѓу помладата популација.