ПОЛСКА Е МНОГУ БЕСНА НА УКРАИНА – Премиерот со јасна порака до Киев: “Сакам да му порачам на Володимир Зеленски никогаш повеќе да не ги навредува Полјаците како во ОН“

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, вели дека сака да му каже на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, никогаш повеќе да не ги навредува Полјаците, како што направи неодамна за време на неговиот говор во Обединетите нации.

Полјаците никогаш нема да го дозволат тоа, а одбраната на доброто име на Полска не е само моја должност и чест, туку најважна задача на полската Влада“ изјавил Матеуш Моравјецки вчера на состанокот во Свидњик.

Тој посочил дека Полска ќе се брани во актуелниот геополитички контекст, дека има свои причини и знае како треба да се обликуваат овие причини.

Во својот говор во Обединетите нации, Володимир Зеленски кажа дека Киев напорно работи на зачувување на копнените патишта за извоз на жито и дека „политичкиот театар“ околу увозот на жито само и помогна на официјална Москва.

Инсистирајќи на потребата да се заштитат домашните пазари, Полска, Словачка и Унгарија објавија свои ограничувања за увозот на жито од Украина веднаш откако Европската комисија одлучи да не ја прошири забраната за увоз на пет источноевропски земји-членки на ЕУ.