Тинејџер украл коњ, па се обидел да го сокрие во стан на 3 кат: Еве како реагирале соседите

Животното подоцна било вратено на сопственикот, живо и здраво

На тинејџерот му се заканува затворска казна од три месеци до пет години поради сомнение дека украл коњ и се обидел да го скрие во својот стан на третиот кат од зградата.

Необична и по малку бизарна приказна се случила во полскиот град Вејхерово, а се започнало со итен повик во полиција.

Надлежните мислеле дека е шега кога добиле дојава за коњ во станбена зграда, но човекот од другата страна на линијата не се смеел.

Тој инсистираше на тоа дека на скалите од зградата каде што живее стои коњ и дека на станарите им е потребна помош.

Тимот брзо пристигнал на местото на настанот и биле шокирани кога нашле деветнаесетгодишен човек кој го води животното на поводник.

Подоцна било утврдено дека младиот човек го украл коњот и се обидел да го сокрие, но очигледно не помислил дека некој ќе го види и ќе го пријави, пренесува Oddity Central.

Животното подоцна му било вратено на сопственикот, живо и здраво, а се проценувало дека вреди околу 3.800 долари.

Од друга страна, тинејџерот бил обвинет за кражба и се соочува со затворска казна.