ТОЈ ГИ КАЖА СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА ГРОЗОМОРНОТО УБИСТВО – Осомничениот Велибор Манев со часови даваше исказ во Обвинителството

0

Осомничениот Велибор Манев со часови давал исказ во скопското обвинителство, а покрај него е сослушано уште едно лице инволвирано во истрагата. Извори од институцијата посочуваат дека Велибор Манев, родум од Велес, изјавил детално како се случиле грозоморните дела – убиството на Вања Ѓорчевска (14 г.) и Панче Жежовски (74 г.).

Засега не е познат идентитетот на другото лице кое се испитува. „Скопје1“ побара потврда од Обвинителството од каде укажале дека постојано се преземаат дејствија и кога ќе има конкретни информации ќе бидат соопштени на јавноста. Се распитуваат сите лица кои евентуално имаат некакви сознанија.

Засега е познато и дека вчера Александар Ѓорчевски, таткото на убиената девојка, е донесен на распит во Обвинителството, а наводно тој ги отфрлил сите наводи дека е вмешан во киднапирањето и убиството. За останатите, освен лицето кое го превезувало осомничениот за организирање и извршување на убиствата, вината ја признале во Полициска станица и во Обвинителството.

Министерот Оливер Спасовски истакна дека кривичната пријава е составена на околу 100 страници. Ги содржи сите детали – изјави, наоди на вештаци, снимки од безбедносни камери, телефонски списоци на сите осомничени. Се вештачат и други уреди кои се одземени.