ТОЈ Е КРЕАТОР НА НАЈПОПУЛАРНИОТ ПИШТОЛ ВО СВЕТОТ – Бил во Армијата на Адолф Хитлер, на 70 години претепал наемен убиец, а поради неговата млада сопруга цела Австрија зборувала за него

На 94-годишна возраст почина Гастон Глок, креаторот на истоимениот (не)славен пиштол, омиленото оружје на органите на прогонот, како и нивните ривали од другата страна на законот.

Glock 19“, кој се произведува во австриски Deutsch-Wagram, за жал во последните дваесет години е профилиран како оружје на психопати кои неселективно убиваат во американските ноќни клубови, цркви и училишта. Неговата огнена моќ беше злоупотребена и од Сеунг-Хуи Чо, кој уби 33 луѓе на техничкиот Универзитет во Вирџинија во 2007 година.

И додека глобалната популарност на пиштолот, кој поп-културата го имплементира во свеста на потрошувачите ширум планетата, растеше се повеќе и повеќе, Гастон Глок секогаш се трудеше да го држи својот приватен живот подалеку од очите и ушите на јавноста.

New York Times наведува дека мистериозниот милијардер живеел на имот покрај езеро во Австрија, а медиумите можеле да прочитаат повеќе за него само три пати; кога деловен соработник се обидел да го убие, потоа во 2011 година кога се развел од сопругата на 82-годишна возраст и се оженил со 31-годишна жена, а една година подоцна во 2012 година, кога книгата „Glock: The Rise of America’s Gun“ од Пола М. Барет излезе во продажба.

Пред неговиот пиштол да стане глобален феномен, инженерот Гастон Глок раководел со фабрика за радијатори за автомобили во близина на Виена и со сопругата водел мала компанија која произведувала шарки на вратите и ножеви. Последен пат држел огнено оружје кога бил регрутиран во Армијата на Адолф Хитлер како тинејџер на самиот крај на Втората светска војна.

Но, во 1980 година, Гастон Глок слушнал разговор што му го променил животот: двајца австриски армиски офицери разговарале за можноста за нов договор за државната Армија.

слика
Гастон Глок

Тој тргнал да дознае повеќе за оваа тема, разговарајќи со полицајци и експерти за оружје. Наскоро дизајнирал и патентирал лесен полуавтоматски пиштол од 9 милиметри, делумно направен од тврда пластика, кој можел брзо да испука 18 куршуми и лесно да се наполни.

Тоа било досадно оружје со индустриски изглед, но евтино за производство, прецизно и доверливо, подготвено за пукање дури и кога е натопено на дожд.

Гастон Глок наскоро стана супер успешен бизнисмен, особено во Соединетите Американски Држави. Се појави таму, во најдобро време за Гастон Глок, во средината на 1980-тите години, кога стапката на криминал драстично се зголеми. Две третини од американските полициски сили, вклучително и оние во Њујорк, набрзо го усвоија „Glock 19“ за официјално оружје.

Австрискиот претприемач подоцна основа производствени капацитети во САД, Европа и Азија. Купил млазни авиони и јахти, изградил центар за коњи и го претворил своето место за одмор во Велден, Австрија, во силно чувано седиште на власта.

Во 2017 година, Forbs процени дека Гастон Глок има 65 отсто пазарен удел на пиштоли продадени во САД. Четири години подоцна, Forbs го проценува личното богатство на Гастон Глок на 1,1 милијарда долари.

Гастон Глок не работел секогаш чисто. Истрагите на Гастон Глок за корпоративните финансиски афери открија глобален синџир на компании кои криеле приходи, переле профит, потценувале даноци, ги негирале барањата за одговорност и плаќале за кампањите на политичарите и јавните службеници. Некои функционери на компанијата биле и кривично гонети, но самиот Гастон Глок никогаш не бил предмет на правна постапка.

Додека продажбата на „Glock 19“ вртоглаво растеше, Чарлс Евертн – финансискиот советник на Гастон Глок, кој основал компании како даночни раеви за австрискиот бизнисмен – се обидел да го убие. Веројатно, како што пишува New York Times, за да ја прикрие сопствената проневера на милиони долари од компанијата. Во јули 1999 година, Гастон Глок заминал во Луксембург за да се сретне со Чарлс Еверт, но тоа било стапица. Маскиран напаѓач го нападнал Гастон Глок со гумен чекан, но 70-годишниот Австриец, кој сепак секојдневно вежбал пливање, го онесвестил напаѓачот. Чарлс Еверт побегнал од местото, но набрзо и се предал на полицијата.

Во 2003 година, Чарлс Еверт и напаѓачот Жак Пешер беа прогласени за виновни за обид за убиство.