ТАЈНАТА НА РУСКАТА САЛАТА – Сите ја подготвуваме за празниците, но никој не го знае нејзиниот оригинален рецепт од 1860 година

Руската салата е една од најпопуларните на трпезата во домаќинствата за време на новогодишните и божиќните празници. Речиси и да нема домаќинство кое не ја подготвува оваа салата, а интересно е што секој има различен начин на подготовка.

Сепак, речиси никој не ја подготвува „правилно“ или барем како што пишува во оригиналниот рецепт. Дури има погрешно име, не само овде, туку и насекаде во светот . Руската салата се нарекува салата „Оливие“ во Русија, по готвачот со белгиско потекло Лусиен Оливие.

Руска салата

Како готвач на еден од најпознатите московски ресторани, Лусиен Оливие бил првиот што послужил „руска салата“ околу 1860 година. Ја замислил како мезе во кое со посебен прелив „измешал“ неколку специјалитети карактеристични за француската кујна. Необичната салата станала заштитен знак на ресторанот, а нејзиниот оригинален рецепт се чувал во тајност.

Лусиен Оливие навистина успеал да ја однесе тајната на својата совршена салата во гроб, иако се знае дека содржела кавијар, месо од јастог (пилешко), најдобра зелена салата, каперси, ракчиња, чадена патка, иако е можно рецептот да се променил во зависност од сезоната. Сепак, она што било пресудно е исклучително квалитетниот мајонез на кој Лусиен Оливие додал свој микс за зачини.

Легендата вели дека еден од помошниците на Лусиен Оливие, успеал да го украде рецептот за тој уникатен прелив и отишол да работи како готвач во друг московскиот ресторан. Тој послужил сала која била многу слична на онаа на Лусиен Оливие, но гостите забележале дека сепак нешто не е „исто“.

Подоцна тој го продал рецептот на други готвачи, што секако продонело за неговата популаризација, а еден од првите објавени рецепти за салатата на Лусиен Оливие од 1894 година гласи:

  • пилешко месо
  • два компири
  • една мала краставица
  • три/четири листови зелена салата
  • три големи ракчиња
  • една лажичка каперси
  • три до пет маслинки
  • 1 1/2 лажици мајонез

Ова е навистина сосема различно од руската салата што ја знаеме и сакаме. Па, дури и Русите денес ја прават салата Лусиен Оливие по многу поинаков рецепт. Причината треба да се бара во историските настани.

Руска салата