“НЕВОЗМОЖНО Е ДА РАЗМИСЛУВАМ ЗА ТОА ВО ОВОЈ МОМЕНТ…“ – Рафаел Надал се откажа од титулата уште пред да го направи најавуваниот кам-бек на тениските терени !?

Турнирот во Бризбејн е закажан од 31. декември до 7. јануари, а навивачите во Австралија ќе имаат можност да го гледаат шпанскиот ас Рафаел Надал.

Славниот Шпанец се враќа на терените по долга пауза, откако последниот натпревар го одигра на 18. јануари годинава на Австралија Опен.

Рафаел Надал воопшто не е оптимист, а тврди дека шансите за освојување на титулата во Бризбејн се минимални.

Немам шанси за титулата. Невозможно е да се размислува за освојување на турнирот во овој момент. Она што е можно е да уживам во моето враќање. Навистина не очекувам многу, една година не сум на теренот. Бев охрабрен од физичката подготвеност што ја постигнав на тренинзите. Таа е многу подобра отколку што очекував пред еден месец. Немам долгорочни цели, бидејќи не се гледам себеси како играм толку долго. Навистина не знам како ќе ми оди кариерата и колку ќе можам да играм“, изјави Рафаел Надал.