“ТОЈ Е НАШИОТ ХЕРОЈ!“ – Овој човек спасил две деца од давење, а потоа трагично починал: “Скокнал во езерото по нив иако не знаел да плива…“

0

Марвин Алексан Фернандез Чикас поминувал навидум еден обичен ден покрај езерото Нокамиксон со својот 3-годишен син Дилан кога видел две деца како се дават во водата. Иако не знаел да плива, скокнал во езерото и успешно им ги спасил животите. За жал, тој не успеал да стигне до брегот и се удавил, пишува New York Post.

Се удави во езерото, давајќи го животот за две деца“, напиша семејството на овој човек-херој во објавата на платформата GoFundMe.

Хари Грим, началникот на противпожарната служба на градот Хејкок, вели дека децата најверојатно паднале во водата во четвртокот, а 37-годишниот човек отишол да им помогне: „За жал, не знаел да плива. Децата успеале да излезат, а мажот исчезнал во водата“.

Човекот можеби ги забележал децата во областа во близина на Тохикон Крик околу 17 часот, според Одделот за заштита и природни ресурси во Пенсилванија. Десет нуркачи го барале човекот, а телото било пронајдено два часа подоцна.

Сакаше да лови риби и тој ден го правеше она во што уживаше со пријателите и синот. Тој стана наш херој“, се вели во најавата за собирање донации преку Интернет.

Собраните пари ќе бидат искористени за испраќање на неговото тело на мајка му во Хондурас и за помош на сопругата и синот што ги оставил во долгови. Во соопштението тој е опишан како вреден човек и одличен татко кој се докажал со својата храбра постапка.

Пливањето во езерото Нокамиксон е забрането, но за жал луѓето не ги почитуваат правилата. Зачекоруваат во длабока област, пијат една голтка вода и се удават. Такво нешто не треба да се случи, иако се случува“, заклучил Хари Грим.