ТРАГЕДИЈА НА НАТПРЕВАР- Голманот одбранил пенал и веднаш почина

0

Белгиските медиуми објавија информација за трагедијата што се случи на нисколигашкиот натпревар во Синт-Елоис-Винкел

Винкел Спорт Б играше против СК Вестрозебеке во Западна Фландрија. На почетокот на вториот дел беше досуден пенал за Вестрозебеке, но неименуваниот голман на Синт-Елоис-Винкел го одбрани ударот. Но, веднаш потоа колабирал и починал на лице место.

  • Топката се уште беше во игра по одбраната. Нашиот голман брзо стана за да стигне до неа, но потоа колабираше. Беше ужасно да се види – изјави помошниот тренер на Винкел Б Спорт, Стефан Деверчин.