Три наредби на Владимир Путин! Ова се задачите што Русија мора да ги исполни во 2023 година

Во 2023 година во Русија треба да се зголемат минималните плати, да се намали стапката на сиромаштија, да се зголемат животниот век и наталитетот.

Ваквите цели се посочени во списокот со инструкции на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, по резултатите од состанокот за стратешки развој и национални проекти.

Дополнително, документот поставува задачи за зајакнување на технолошкиот суверенитет на Руската Федерација, обезбедување финансиски суверенитет, забрзување на развојот на транспортната, комуналната и социјалната инфраструктура и подобрување на благосостојбата на руските граѓани.

На средбата Путин ги претстави најважните задачи на државната политика за 2023 година, кои ќе и’ овозможат на земјата да одговори на предизвиците, имајќи ги предвид тектонските промени што ги доживува целиот свет.