УЖАС – Опасно диво животно нападнало младо девојче: Ја зграпчило за главата и ја држело под вода – девојката итно пренесена во болница
Девојка е тешко повредена и пренесена во болница откако била нападната од динго на островот Фрејзер, Австралија.
Според информациите објавени од Index.hr, спасувачите кажуваат дека девојката пливала во моментот на нападот, а животното наводно ја зграпчило и ја држело под вода неколку секунди.

Иако членовите на семејството веднаш дошле на помош и го избркале дингото, девојчето се здобило со повреди од каснување на главата и прстите. Девојката е пренесена во болница со хеликоптер и е во стабилна состојба во моментот.
На овој остров во Австралија живеат околу 200 животни од овој вид. Островот Фрејзер е популарна туристичка дестинација со статус на светско наследство.