Украинците успешно успеаја да ја погодат и оштетат зградата на руската тајна служба позната како ФСБ во Белгородската област, која се наоѓа во близина на границата со Украина.
Киев втор ден по ред изведува воздушни напади во различни региони на Русија, пренесува Телеграф.
„Вооружените сили на Украина ја нападнаа зградата на ФСБ во Белгород со помош на дронови“, соопштија руските разузнавачи.
Овој регион се наоѓа покрај границата со Украина, многу блиску до регионот Харков каде што се водеа жестоки битки.
Од друга страна, украинските напади на руска територија главно се насочени кон нафтените рафинерии.
FSB building in Russian Belgorod has successfully destroyed a Ukrainian drone! pic.twitter.com/MplPe1FY69
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) March 13, 2024