Успешно тестиран вселенскиот топлински штит „ЛОФТИД“

0

Целата мисија траеше околу два часа. Топлинскиот штит беше испратен заедно со метеоролошкиот сателит „Џоинт полар сателајт систем“ (ЏПСС), којшто беше успешно поставен во поларната орбита.

Американската вселенска агенција НАСА успешно го демонстрираше својот топлински штит за вселенски летала – „ЛОФТИД“ (Летачки пробен децелератор на надувување за ниската Земјина Орбита).

„ЛОФТИД“ беше лансиран во орбитата со помош на ракетата „Атлас V” на „Јунајтед лонч алајенс“, по што беше успешно отворен (надуван), а по пробното отворање, беше спуштен во океанот, близу Хаваи. Целата мисија траеше околу два часа. Топлинскиот штит беше испратен заедно со метеоролошкиот сателит „Џоинт полар сателајт систем“ (ЏПСС), којшто беше успешно поставен во поларната орбита. Овој сателит ќе собира временски податоци за океаните и Земјината атмосфера. Тестирањето на „ЛОФТИД“ треба да овозможи – идните мисии на Марс, а можеби и на други подрачја на Сончевиот Систем, да користат компактно-флексибилен топлински штит за товарот што се пренесува, којшто ќе може да се отвори пред леталото да влезе во атмосферата на која било планета. Штитот имаше демонстрација во орбитата на надморска височина од 125 км,. по што почна да се спушта и повторно да навлегува во атмосферата на Земјата, за на крајот да заврши во океанот. Според планот на НАСА, следно е подигање на штитот од водата и пренос до копното. Снимачот на податоци беше исфрлен од „ЛОФТИД“ непосредно пред штитот да се урне во океанот. И тој уред, исто така, ќе биде вратен на копно. „ЛОФТИД“ е дизајниран да издржи температури поголеми од 1.600 степени. Изработен е со три слоја – надворешен слој од ќерамички влакна којшто ја површината, среден изолаторски слој кој го спречува преносот на топлина и внатрешен слој којшто го спречува навлегувањето на врел гас во конструкцијата.