Фицо испрати остра порака до Украина: Ако не го решат ова прашање, Словачка може да го прекине снабдувањето со електрична енергија во итни случаи
Словачка ќе усвои остри реципрочни мерки против Украина доколку не се решат проблемите што настанаа откако Киев не го продолжи договорот со Москва за транзит на руски гас преку Украина, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.
Ова го изјави денеска по разговорот со европскиот комесар за енергетика Ден Јоргенсен, пренесува Ројтерс.
Фицо го обвини Киев дека ѝ штети на Словачка со тоа што не го обнови договорот за транзит на гас со Русија за транспорт на гас преку Украина и се закани дека ќе возврати со прекинување на снабдувањето со електрична енергија во итни случаи за Украина или намалување на помошта за бегалците.
Тој рече дека за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Москва минатиот месец, обезбедил испорака на гас за Словачка и покрај прекинот на транзитот од Украина.
Според податоците на словачкиот оператор на гасоводниот систем Еустрим, откако беше прекинат транзитот на гас преку Украина, Словачка увезува руски гас што доаѓа од Унгарија преку гасоводот Турски тек.
Фицо рече дека прекинот на транзитот на гас преку Украина ја чини Словачка 500 милиони евра транзитни такси и 1 милијарда евра поради зголемувањето на цената на гасот.