ФОТО | Златен прстен на Тупак продаден за рекордни милион долари

0

Прстенот со круна од злато, рубини и дијаманти што го носел рап-легендата Тупак Шакур во текот на неговото последно појавување во јавноста, е продаден за милион долари (1,02 милиони) на аукција во Њујорк во вторникот, пишува „Си-би-ес њуз“.

Победничката понуда била многу над претпродажната проценка на аукциската куќа „Сотби“, од помеѓу 200.000 и 300.000 долари и стана највредниот хип-хоп артефакт некогаш продаден, соопшти аукциската куќа.

Раперот роден во Њујорк го носел прстенот во текот на неговото последно појавување во јавноста на доделувањето на видеомузичките Ем-ти-ви награди на 4 септември 1996 година.

Тупак беше застрелан од неидентификуван напаѓач во пукање од автомобил во Лас Вегас само неколку дена подоцна, на 13 септември. Имаше 25 години.