ФОТО | МЛАДА РУСИНКА БРУТАЛНО ПРЕТЕПАНА ВО СРБИЈА – 19-годишната девојка објави се на Инстаграм: “Немам како да ја напуштам земјата…“

0

М.С. (29 г.) од Косјериќ, населба во областа Златибор во југозападна Србија, е осомничен за физичко насилство врз 19-годишна девојка со иницијали А.Р. од Русија. Како што дознава Blic.rs, 29-годишниот човек пијан ја нападнал и по него била распишана потерница.

Според засега неофицијални информации, М.С. нападнал девојка утрото на 4. декември во изнајмен стан.

слика
А.Р. од Русија

Таа, пак, кога дала изјава во полиција, не го знаела презимето на осомничениот, а дала и погрешна адреса каде наводно живееле.

Но, насилникот набрзо бил идентификуван, а откриена е и спорната адреса на живеење.

По него е распишана потерница. На адресата биле неколку полициски патроли и инспектори, но никој не им ја отворил вратата од станот“, вели извор запознаен со истрагата за Blic.rs

Осомничениот наводно нема легално оружје и претходно не бил пријавен за насилство.

Нападнатата девојка на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објавила фотографии од повредите – кој се крајно вознемирувачки.

Ова го направи моето поранешно момче. Ми ги фрли пасошот и изводот од книгата на родените. Ме малтретираше и тепаше, ми се закануваше. Тој ми ги зеде сите заштеди. Ми скрши два мобилни телефони. Ме остави без работа и буквално се. И немам шанси да ја напуштам државата Србија. Никогаш нема да ти простам за ова“, напиша Русинката на социјалната мрежа.

слика
А.Р. од Русија