ВАКА ИЗГЛЕДА ЛИСТАТА НА НАЈМОЌНИ ЖЕНИ ВО СВЕТОТ ЗА 2023 ГОДИНА – Погледнете која е најмоќна две години по ред и ја предводи листата

Претседателката на Европската комисија, 65-годишната Урсула фон дер Лајен  втора година по ред е прогласена за најмоќна жена во светот. По германската политичарка следат претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, потпретседателката на САД, Камала Харис и премиерката на Италија, Џорџија Мелони.

Урсула фон дер Лајен е првата жена на функцијата претседател на ЕК и е одговорна за законодавството кое влијае на повеќе од 450 милиони Европејци“, објави магазинот Forbs, кој ја состави листата на најмоќни жени.

Поп-ѕвездата Тејлор Свифт го зазеде петтото место, заработувајќи 850 милиони долари само од нејзината рекордна светска турнеја „Eras“ и стана милијардерка. Да потсетиме, сопственичката на хитовите „Anti-Hero“ и „Look What You Made Me Do“ беше 79-та на листата минатата година.

Следна пејачка на листата на најмоќни жени е Бијонсе на 36 место, а Ријана е „само“ на 76 место.

Поранешната водителка на ток-шоу, која оттогаш стана сопственик на медиуми, Опра Винфри, го зазеде 31-то место.

Филантропката Мелинда Гејтс е 10-та, додека најдобро пласираната британска извршна директорка на големата фармацевтска компанија GlaxoSmithKleinЕма Волмсли, е на позицијата број 15.

Forbs вели дека овогодинешната листа одразува „сложена слика за влијанието на жените во нестабилниот свет“.

Политичарите Сана Марин (Финска), Џасинда Ардерн (Нов Зеланд) и Никола Старџен (Шкотска) или ги загубија или ги напуштија своите работни места претходно оваа година. Сузан Војчицки се повлече од функцијата извршен директор на Јутјуб по девет години во таа улога. Замина и Мартина Мерц, извршен директор на германски гигант. Секоја од споменатите жени е заменета со маж“, објави Forbs.

Целосниот список на најмоќни жени според Forbs можете да го погледнете ТУКА.