ФОТО | ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО “ОПЕРИРААТ“ ИЗРАЕЛЦИТЕ – Голема ноќна акција на Армијата во најголемата болница во Појасот Газа
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија фотографии за кои тврдат дека покажуваат операција на специјалните сили во болницата „Ал-Шифа“, најголемата болница во Појасот Газа.
Ноќните фотографии прикажуваат специјални сили со очила за термичка слика.
![Израел, Газа, војна во Израел](https://www.kurir.rs/data/images/2023/11/15/15/3700234_1700054259idf1024x682_ff.jpg?ver=1700059866)
Израелската Армија, да потсетиме, рано утринава објави дека спроведува „прецизна и насочена“ операција во болницата „Ал-Шифа“, додавајќи дека во болничкиот комплекс влегле со копнени сили и тенкови.
Во соопштението додаваат дека во болницата донеле медицински материјали, храна за бебиња и инкубатори. Автентичноста на фотографиите објавени од ИДФ се уште не е потврдена.
Израел тврди дека Хамас ја користи болницата за воени цели, додека исламистичката група, одговорна за убиството на околу 1.400 Израелци пред пет недели, вели дека тоа не е точно.
![Израел, Газа, војна во Израел](https://www.kurir.rs/data/images/2023/11/15/15/3700230_1700054250idf21024x682_ff.jpg?ver=1700059886)
Хамас тврди дека во болницата има 650 пациенти и меѓу пет и седум илјади засолнети лица, за кои велат дека се опколени и под постојан оган од израелски снајперисти и беспилотни летала. Исламистичката група тврди и дека 40 пациенти, меѓу кои три бебиња, починале во болницата во изминатите неколку дена поради недостиг на гориво, вода, храна и медицински материјали.