Ердоган: „Израел е терористичка држава, нека каже Нетанјаху дали има нуклеарни бомби“

Турскиот претседател потсети дека израелскиот премиер ќе ја напушта функцијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Израел е „терористичка држава“ која врши воени злосторства и го крши меѓународното право во Газа и го повтори ставот дека палестинската милитантна група Хамас не е терористичка организација.

Обраќајќи им се на членовите на парламентот, Ердоган го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да соопшти дали Израел има нуклеарни бомби или не.

Исто така, турскиот претседател потсети дека израелскиот премиер ја напушта функцијата, пренесува Ројтерс.

Тој исто така рече дека Хамас е политичка партија избрана од Палестинците.