ФОТО | ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО “ОПЕРИРААТ“ ИЗРАЕЛЦИТЕ – Голема ноќна акција на Армијата во најголемата болница во Појасот Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија фотографии за кои тврдат дека покажуваат операција на специјалните сили во болницата „Ал-Шифа“, најголемата болница во Појасот Газа. 

Ноќните фотографии прикажуваат специјални сили со очила за термичка слика.

Израел, Газа, војна во Израел

Израелската Армија, да потсетиме, рано утринава објави дека спроведува „прецизна и насочена“ операција во болницата „Ал-Шифа“, додавајќи дека во болничкиот комплекс влегле со копнени сили и тенкови.

Во соопштението додаваат дека во болницата донеле медицински материјали, храна за бебиња и инкубатори. Автентичноста на фотографиите објавени од ИДФ се уште не е потврдена.

Израел тврди дека Хамас ја користи болницата за воени цели, додека исламистичката група, одговорна за убиството на околу 1.400 Израелци пред пет недели, вели дека тоа не е точно.

Израел, Газа, војна во Израел

Хамас тврди дека во болницата има 650 пациенти и меѓу пет и седум илјади засолнети лица, за кои велат дека се опколени и под постојан оган од израелски снајперисти и беспилотни летала. Исламистичката група тврди и дека 40 пациенти, меѓу кои три бебиња, починале во болницата во изминатите неколку дена поради недостиг на гориво, вода, храна и медицински материјали.