„Самит ЕУ-Западен Балкан“ во организација на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“

Во организација на бриселската тинк-тенк организација „Пријатели на Европа“ денеска во Брисел ќе се одржи собир насловен „Самит ЕУ-Западен Балкан“, во чии рамки на панелот „Проширувањето на ЕУ: Новата геополитичка неопходност” ќе се обрати и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во рамки на панелот „Економско зајакнување на жените: Катализатор за растот на Западен Балкан“ како говорници се најавени министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, поранешната министерка Мила Царовска, извршната директорка на македонскиот Центар за истражување и креирање политики Марија Ристеска, поранешната косовска министерка за образование, наука, технологија и иновации Арберие Нагавци, поранешната црногорска министерка за јавна администрација, дигитално општество и медиуми Тамара Срзентиќ, како и директорката на Регионалното биро на УНДП за Европа и Централна Азија во Истанбул, Стелијана Недера.

Покрај Османи, на панелот „Проширувањето на ЕУ: Новата геополитичка неопходност” најавено е учество и на неговиот албански колега Игли Хасани, украинската вицепремиерка за европски и евроатлански интеграции Олха Стефанишина, на министрите за европски прашања на Црна Гора и Чешка, Маида Горчевиќ и Мартин Дворжак, на генералниот директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија (НЕАР), Герт Јан Копман, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, како и на поранешниот еврокомесар за проширување и соседска политика и екс-специјален пратеник за Западниот Балкан, Штефан Филе. На третиот панел насловен „Балканот ослободен од синџири: Демонтирање на заробената држава во Западен Балкан“ најавено е учество на јавната обвинителка Ленче Ристоска, албанската пратеничка и поранешна министерка за правда Етилда Ѓонај, професорката по право на ЕУ на Универзитетот во Тирана, Фјоралба Цака и вишата истражувачка во белградскиот Центар за безбедносна политика, Јелена Пејиќ Никиќ.

Несериозно е прашањето за договорите со Бугарија коешто е важно за граѓаните да се условува со дневно политичко прашање како предвремени избори, оценува министерот за надворешни работи Бујар
Самитот ќе започне со обраќање на нашиот поранешен министер за одбрана и екс-амбасадор во САД и главен преговарач во спорот за името со Грција, Зоран Јолевски на тема „Планот за раст на ЕУ за Западниот Балкан: Предизвици и можности за бизнисите“, а ќе заврши со дискусијата насловена „Панел на иднината: Младински балкански гласови“.

Во најавата за собирот, организаторите посочуваат дека прашањата за демографскиот пад, родовата нееднаквост, климатските промени и демократското назадување го оптоваруваат Западен Балкан со недоволно политичко (ре)дејствување.

– Со ризик овие последици да станат неповратни, силите на граѓанското општество, младинските активисти и општествените движења се борат од маргините да ги задржат овие прашања високо на приоритетната листа и да бараат одговорност од нивните носители на одлуки. Овој самит ќе даде можност да се размислува за овие предизвици во контекст на обновениот моментум на проширување на ЕУ што ги опфаќа не само Западниот Балкан, туку и Украина, Молдавија и другите земји од источното соседство, посочуваат од тинк-тенкот „Пријатели на Европа“

Од таму нагласуваат дека како што војната во Украина се одолговлекува и наскоро ќе навлезе во својата втора година, се појави нова геополитичка итност за проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан.

Интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ е стратегиска цел не само за нив туку и за целата Унија, што се гледа и сега во контекст на конфликтот межу Русија и Украина. Нему треба да
– Како такво, проширувањето може да го реши прашањето на сивите зони и да обезбеди долгорочна стабилност во непосредното соседство на ЕУ, со спротивставување на растечкото влијание на Русија и на демократското назадување на земјите. Токму оваа позадина е клучна дискусијата за можностите и елементите на потенцијалниот процес на пристапување, се додава во најавата.

Според организаторите, овој собира, стратешки закажан набрзо по објавувањето на долгоочекуваниот пакет за проширување на ЕУ со клучните извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство, ќе понуди навремена можност за анализа, разбирање и зајакнување на обновениот моментум за проширување на ЕУ и повторување на критичната потреба за реформи на Западниот Балкан.

– Токму во тој контекст ќе се одвиваат нашите дискусии за итните прашања за заживување на економскиот раст, демонтирање на заробените државни структури, промовирање на родовата нееднаквост и зајакнување на младите гласови во регионот. За време на овогодинешниот самит, имаме можност да размислиме за најитните предизвици, ризици и неизвесности што ги доживеа регионот во 2023 година и да ги идентификуваме изгледите за нивно надминување преку збир на препораки за политики, додаваат од „Пријатели на Европа“.