Вучиќ е против Дачиќ да биде следниот премиер на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека не го разгледува првиот човек на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, за нов премиер, додавајќи дека изборната листа на Српската напредна партија (СНС) ќе имаат апсолутно мнозинство.

„Луѓето во Српската напредна партија (СНС) размислуваат за најмалку два предлози. И јас размислувам, но ниту еден од тие предлози за премиер не е Ивица Дачиќ, засега“, изјави Вучиќ во интервју за НИН.

Тој го изјави ова реагирајќи на изборниот список на социјалистите кој се нарекува „Дачиќ премиер“ и на зборовите на Дачиќ по изборите во 2012 година дека можеби не се знае кој ќе биде претседател, но се знае кој ќе биде нов премиер.

Вучиќ изјавил дека Дачиќ сака да оди со СНС, но дека „сите други луѓе велат поинаку“, пренесува Н1.

Српскиот лидер рече и дека на СПС, чија листа е носител, нема да има потреба од коалиции бидејќи ќе има мнозинство.

„Нема да ни требаат ни малцинствата… Сами ќе имаме апсолутно мнозинство, освен ако не се случи нешто во последните девет дена. На последните парламентарни избори освоивме 42 проценти и сега ќе освоиме значително повеќе“, рече Вучиќ.

Инаку, парламентарните, регионалните и некои општински избори ќе се одржат на 17 декември.