ФОТО | Студент од Прага објави грозоморна фотографија: “Забарикадиран сум во мојата училница… Се молам да преживеам!“

На Филозофскиот Факултет на Универзитетот во строгиот центар на Прага попладнево се случи масовно пукање во кое, за жал, голем број луѓе загинаа, а многу се ранети, потврди официјално чешката полиција. Според полицијата, напаѓачот дејствувал сам. Според последните податоци има вкупно 11 загинати и 24 повредени, пренесуваат тамошните медиуми.

Напаѓачот е елиминиран!!! Целата зграда моментално е под мерки за евакуација и имаме неколку мртви и десетици ранети“, соопшти чешката полиција во објава на социјалната мрежа Х (Твитер).

Ги испративме сите расположливи сили по дојавата за пукањето. За жал, бројот на жртвите е голем“, изјави портпаролката на полицијата, Јана Поштова, која не сакаше да шпекулира за бројот на жртвите, но потврди дека има загинати.

Социјалните мрежи се преплавени со драматични видео-снимки од луѓе кои трчаат и бегаат што подалеку од Универзитетот под полициска придружба.

На некои од видео-снимките јасно се слушаат истрели.

На Интернет појави и фотографија од напаѓачот како држи предмет што изгледа како автоматска пушка со оптички нишан во стилот на озлогласениот американски АР-15, кој го користат повеќето напаѓачи во масовните престрелки во САД.

Професор од Универзитетот го контактирал чешкиот веб-портал Blesk и потврдил дека студентите и вработените добиле е-пошта да се забарикадираат односно сокријат.

Така направивме, се забарикадиравме на вториот кат. Мислам дека пукањето беше на четврти кат“, изјавил тој.

Еден од студентите, Јакоб Вајцман, објави фотографија од забарикадирана врата од училницата на социјалната мрежа X (Твитер) и напиша:

Моментално сум забарикадиран во мојата училница во Прага. Напаѓачот е мртов, но чекаме да бидеме евакуирани. Се молиме да излеземе одовде живи. Ја заклучивме вратата пред напаѓачот да се обиде да отвори. По ѓаволите…“.