Естонската премиерка не е загрижена по рускиот налог за нејзино апсење

Естонската премиерка Каја Калас денеска изјави дека Русија нема да ја заплаши со издавање налог за нејзино апсење и дека потегот на Москва е обид за заплашување поради шпекулациите дека може да добие висока позиција во ЕУ.

Калас на маргините на Минхенската безбедносна конференција изјави дека налогот издаден од Русија за нејзино апсење не е изненадување, бидејќи постојат шпекулации дека по изборите за Европскиот парламент во јуни таа ќе биде избрана за шеф на дипломатијата на ЕУ.