Руски знамиња се веат над Авдиивка

Руските социјални мрежи споделија видео на кое се гледа како војниците креваат руски знамиња над административната зграда во Авдиивка во источна Украина.

Русија соопшти дека нејзините сили презеле целосна контрола во саботата врз градот во источна Украина, кој со месеци беше во фокусот на интензивните борби, развој на теренот кој Москва може да го искористи за да го зајакне моралот во своите редови како што се приближува втората годишнина од нејзината целосна инвазија на Украина со војната која во поголем дел од времето е во ќор-сокак.

Соопштението на руското Министерство за одбрана дојде истиот ден кога Украина соопшти дека ги повлекува војниците од Авдиивка, каде што украинските бранители се бореа против риските континуирани напад четири месеци со ред.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека руските сили во моментов работат на расчистување на последните џебови од отпорот во фабриката во градот, се вели во соопштението на официјални лица.

Рускиот претседател Владимир Путин испрати лична порака со честитки до војниците во градот, објави државната новинска агенција Тас.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го опиша освојувањето на Авдиивка како „важна победа“.