Украинците ја заземаа областа, а Русите за првпат од почетокот на војната признаа пораз !?

Дел од украинските сили се префрлиле на источниот брег на реката Днепар, додека руската страна за првпат од почетокот на војната во Украина го препознала воениот успех на другата страна, пишува медиумската агенција Reuters

Портпаролот на украинската Армија во средата изјави дека украинските војници успеале да го одбијат налетот на руската Армија од источната страна на реката Днепар и зазеле позиција.

Обезбедени се силни упоришта на источната страна на реката Днепар во областа Херсон. Москва ја сметаше оваа локација за тешка бариера“, објави Владимир Салдо, гувернерот на Херсон, кој е поставен од Кремљ и јавно го призна поразот.

И покрај сите тешкотии, украинската Армија успеа да ја премине реката и да победи“, изјави Андриј Јермак, прв човек на кабинетот на украинскиот претседател. 

Конфликтите се уште траат, а борбите се интензивни и околу градот Авдијевка.