ФОТО | Северина позираше во провокативен костим за капење на Тајланд и порача: “Па, што ако е зима, не е лав!“
Претходно објавивме за Северина која патува на егзотична дестинација во друштво нејзиниот блиски соработник Давор Гргин. Според објавените фотографии на социјалните мрежи, се шпекулираше дека се работи за остров во Тајланд, а пејачката тоа го потврди во нова објава на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Северина позираше во црн костим за капење во „бесконечен базен“ со поглед на тајландските острови. Ја повлече косата наназад и се заштити од сонцето со црни очила за сонце со бели рамки.
„Зима, зима – добро, што ако е зима, не е лав!” напиша Северина со фотографии од оваа топла дестинација кои можете да ги погледнете ОВДЕ.