ОБЈАВЕН ТАЕН ПЛАН НА ГЕРМАНСКАТА АРМИЈА – НАТО се подготвува за војна со Русија која треба да започне со напад на Германија !?

Министерството за одбрана на Германија, коментирајќи ги објавите во медиумите за наводниот „таен план“ за напад на Русија врз НАТО, соопшти дека разгледувањето дури и неколку одредени сценарија е дел од секојдневните воени работи, објави германскиот таблоид Bild.

Разгледувањето на различни сценарија, дури и да се крајно малку веројатни, е дел од секојдневните воени работи, особено за време на воената обука“, соопшти Министерството за одбрана на Германија на барање на Bild.

Претходно Bild, според таен документ на Бундесверот до кој имал пристап, објави дека НАТО се подготвува за голем руски напад на источното крило.

Портпаролката на Министерството за одбрана на ГерманијаМарија Захарова, иронично оцени дека планот што го објави германскиот таблоид Bild, според кој Русија би можела да го нападне НАТО, го претставува минатогодишниот моќен хороскоп за Рибите во Рак, кој можел да биде нацртан од страна на министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да ги коментира наводите за рускиот „план за напад“ на Германија и изјави дека оваа публикација во последно време не се срами да објавува разни непроверени вести.