– Американската глумица Хедер Греjм, која се движи кон средината на шестото десетлетие од животот, ја открива тајната на својата младоликост… Тоа е јогата, исхраната без шеќер и долг ноќен сон.
– Обично спијам 9 – 12 часа навечер, изјави таа за „Гардијан“.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2023/06/small-11.webp)
На спиењето таа му посветува најмногу внимание. Сонот се смета за природен начин за борба против знаците на стареење, бидејќи телото така произведува колаген. Покрај јога, Грејм се занимава и со пилатес и танц на шипка. Сѐ тоа придонесува за флексибилност, со којашто глумицата често се фали на социјалните мрежи. Таа, исто така, практикува и трансцендентална медитација еднаш дневно – нерелигиозен метод за опуштање, ослободување од стресот и само-развој.
Познатата глумица се грижи и за својата исхрана, па избегнува шеќер, бело брашно и алкохол. Како омилено јадење го наведува пилешкото во пиво со парчиња сладок компир, а љубителка е и на салати.