Едно лице загина во пукање во Брисел , кое најверојатно е поврзано со судири меѓу ривалските нарко банди, соопшти денеска локалното обвинителство.
-Пукањето се случи утринава во општина Андерлехт. Во инцидентот загина едно лице. „Веројатно е поврзано со ривалски нарко банди“, изјави портпаролката на обвинителството, пренесе Ројтерс.
Тоа пукање уследи по уште едно пукање во средата во Брисел и пукање во близина на метро станицата Клемансо во Брисел во четвртокот.
Иако никој не беше повреден во првичниот инцидент, пукањето привремено ги затвори станиците на метрото додека полицајците ги бараа осомничените.
Обвинителството во Брисел соопшти дека ќе испита дали денешното пукање е поврзано со инцидент од пред неколку дена.