ХОРОР ВО КРАГУЈЕВАЦ: Жена си пукала во глава со пиштол – грозоморен обид за самоубиство

0

Ова е втор обид за самоубиство во последните седум дена.

Во попладневните часови во Крагуевац се случи сериозен инцидент кога жена, чиј идентитет засега не е познат, се обидела да се самоубие пукајќи во себе со пиштол.

– Жената се здобила со тешки повреди на главата и во критична состојба е пренесена во Клиничкиот центар во Крагуевац, каде лекарите се борат за нејзиниот живот, потврдено е за РИНУ.

Во последните седум дена ова е втор обид за самоубиство во овој град.

Претходно една жена скокнала од највисокиот солитер со намера да си го одземе животот и им подлегнала на повредите во болница.