ХОРОР НА ВОЕНА ВЕЖБА: Камерата го сними фаталниот судар на 2 борбени авиони Т-27! ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СТРАШНАТА СЦЕНА НА НЕБОТО
Два авиони Т-27 Тукано на колумбиските воздухопловни сили се судрија во неделата за време на тренинг лет во близина на воздухопловна база во централниот дел на земјата.
Воздухопловните сили на Колумбија соопштија дека е убиен потполковникот кој управувал со еден од авионите . Другиот пилот преживеа.
– На местото на инцидентот е испратена увидна комисија за утврдување на причините за судирот – се наведува во соопштението.
Видеото објавено на социјалните мрежи наводно го покажува моментот на инцидентот. Може да се забележат неколку летала како летаат блиску еден до друг, а во еден момент крилото на еден од леталата пука во силен пламен.
Пилотите, наводно, вежбале за аеромитинг закажан за Денот на независноста на Колумбија на 20 јули во градот Рионегро.
Т-27 е всушност турбопроп верзија на лесниот напаѓачки авион Embraer 312 Tucano.